Кристал Палас славеше на гостувањето кај Вест Хем

Од:

Воведниот натпревар од 27.коло на англиската фудбалска Премиер лига, меѓу Вест Хем и Кристал Палас, заврши со победа на гостите од 3:1.

Глен Мари постигна два гола за Кристал Палас 41 и 63-минута), а во листата на стрелци се впише Скот Дин. Стрелец на голот за домаќините беше Енер Валенсија во 76-минута.

Покрај овој меч денеска на програмата се уште пет натпревари, и тоа: Вест Бромвич Албион – Саутемптон, Стоук – Хал, Њукасл – Астон Вила, Манчестер Јунајтед – Сандерленд и Барнли – Свонси.

Во недела од 13 часот на стадионот „Енфилд“ ќе се игра дерби дуелот меѓу Ливерпул и шампионот Манчестер Сити, а од 15 часот и 5 минути на во Лондон, екипата на Арсенал е домаќин на Евертон.

Колото ќе биде комплетирано во вторник со средбите, Саутемптон – Кристал Палас и Хал – Сандерленд.

Табела: Челзи 60 бодови, Манчестер Сити 55, Арсенал 48, Манчестер Јунајтед 47, Саутемптон 46, Ливерпул 45, Тотенхем 44…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска