Кресоја: Нема да играм за Македонија

Од:

„Не верувам дека ќе играм за македонската ракометна репрезентација“, е кратoк коментар на натурализираната македонска ракометарка со српско потекло, Драгица Кресоја, по обелоденувањето на поширокиот список од 28 репрезентативки за претстојното Европско првенство од селекторот Гино Стрезовски

Притоа таа не ги образложи основните причини за оваа нејзина одлука.

Втората клучна ракометарка на списокот за настап на ЕП во Србија (4-16 декември) е левиот бек Јулија Николиќ.

Но дали навистина и неа ќе ја нема во Ниш, против селекциите на Франција, Данска и на Шведска, останува да видиме, со оглед на тоа што Николиќ од порано најави дека не сака повеќе да биде дел од националниот тим.

Како и да е, од овој поширок список, Стрезовски пред почетокот на ЕП ќе мора да „отпише“ 12 имиња.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП