Поранешниот француски репрезентативец, Хатем Бен Арфа на социјалните мрежи објави дека ќе го напушти ПСЖ по крајот на сезоната.
Тој падна во тотална немилост под раководство на Унаи Емери и воопшто не играше за првиот тим на „принцовите“.
Триесет и едно годишниот играч премина во тимот во 2016 година со големи очекувања по многу силна сезона во Ница, но на крајот се покажа како најголемо промашување на трансфер пазарот на ПСЖ.
По завршувањето на кампањата тој станува слободен агент и официјално објави дека не може да остане во тимот.
– Наскоро ќе дојде крајот на мојата авантура со ПСЖ. И покрај тешките времиња за мене, јас сум горд на фактот дека можев да го носам дресот на овој клуб. Ќе имам прекрасни спомени од моите соиграчи и со оваа порака сакам да ја искористам можноста да им се заблагодарам на илјадниците навивачи на клубот за поддршката што ја добив, напиша тој на Инстаграм.