Екипата на Кожув го доби дербито против Работнички во рамките од 11.коло на Првата македонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна во Гевгелија, кошаркарите на Кожув забележаа убедлив триумф над Работнички со 77-56.
До шестиот триумф сезонава во домашниот шампионат гевгелиската екипа ја предводеа Американците, Кенион Мек Нил со 22 и Лари Хал со 21 постигнат поен. Кај Работнички, за кој ова беше втор пораз сезонава, најефикасен беше капитенот Ѓорѓи Чековски кој постигна 14 поени, а имаше и 9 скокови.
Поразот на Работнички го искористи Фени Индустри кој со победата над Вардар 77-63, ја презеде лидерската позиција на табелата.
На другите две средби, каде победи забележаа гостинските екипи, Куманово го совлада Пелистер со 81-64, а Струмица беше подобра од АВ Охрид со 64-60.
Табела: Фени Индустри 21 бодови, Работнички 20, Куманово 17, Кожув 16, Пелистер 15, АВ Охрид 14, Струмица 13, Вардар 11.