Кожув домаќин на Работнички во кошаркарското дерби

Од:

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, денеска на програмата се натпреварите од 11.коло во Првата лига. Дербито на колото ќе се игра во Гевгелија, каде Кожув ќе биде домаќин на лидерот на табелата Работнички. Овој натпревар ќе се игра во вечерниот термин од 19 часот.

Претходно, во Кавадарци, љубителите на кошарката ќе имаат можност да гледаат две средби.

Денешната кошаркарска програма во салата „Јасмин“ ќе биде отворена од 14 часот со дуелот Пелистер – Куманово, а во терминот од 17 часот, домашниот тим на Фени Индустри ќе ја има улогата на фаврорит во дуелот со Вардар кој досега се нема израдувано на прволигашка победа.

Кошаркарите на АВ Охрид ќе бидат домаќини на директниот конкурент за избегнување на долниот дел на табелата Струмица во средбата која ќе се игра во терминот од 18 часот.

Табела: Работнички 19 бодови, Фени Индустри 19, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 14, АВ Охрид 13, Струмица 12, Вардар 10.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он