Коста Рика со изедначување во 95. минута обезбеди пласман на СП во Русија

Од:

Фудбалерите на Костарика изборија пласман на Светското првенство во Русија 2018 откако ноќеска на домашен терен одиграа нерешено 1:1 со Хондурас.

Јунак на натпреварот беше Кендал Вотсон откако голот за изедначување го постигна во судиското надополнување на вториот дел (90+5 минута). Претходно Еди Хернандез на Хондурас му донесе водство во 66.минута.

Костарика по Мексико е втрората репрезентација од КОНКАКАФ зоната со обезбеден пласман на Мундијалот. Воедно е 13. репрезентација учесничка на СП.

На чело на табелата во КОНКАКАФ зоната по 9.коло е Мексико со 21 бод, Костарика има 16, САД 12, Панама и Хондурас имаат по 10, а последен е Тринидад и Тобаго со 2.

Директен пласман на СП од оваа зона носи и третото место, додека четвртопласираната селекција ќе игра бараж со победникот од двомечот Австралија – Сирија.

Во последното 10.то коло играат: Хондурас – Мексико, Панама – Костарика и Тринидад и Тобаго – САД.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он