Коста отстранет од тимот по расправија со Конте

Од:

Најдобриот играч на Челзи сезонава, бразилецот Диего Коста е отстранет од тимот пред денешниот натпревар со Лестер.

Според ББЦ тој се пожалил на болки во долниот дел на грбот на што не поверувал лекарскиот тим на клубот. Подоцна и менаџерот Антонио Конте застанал на страната на лекарскиот тим по што избила жестока расправија после која Коста е отстранет од екипата.

Неофицијално, причина за овие настани е енормно високата понуда за Коста да се пресели во Кина од 34 милиони евра по сезона за три годишен договор што е четири пати повеќе од неговата плата во Челзи.

Менаџерот на бразилецот веќе е на далечниот исток но тој е под договор со Челзи до 2019 година и е нивниот најдобар фудбалер сезонава со и прв стрелец во Премиер Лигата со 14 голови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска