Кошаркарките на Бадел и Вардар финалистки во Купот на Македонија

Од:

Кошаркарките на Бадел и Вардар ќе играат во финалето на женскиот кошаркарски куп на Македонија што се одржува во Кавадарци. Овие две екипи попалднево во полуфиналето постигнаа победи над МНА Кожувчанка односно Пелистер.

Во првото полуфинале бранителот на трофејот Бадел го совлада тимот од Кавадарци МНА Кожувчанка со 63:47, а најефикасна беше Нена Трајчевска од Бадел.

Во второто полуфинале Вардар го совлада тимот на Пелистер со 67:46, а најефикасна на натпреварот беше Американката во дресот на Вардар Ешли Вац со 16 поени.

Женското финале на купот се игра утре меѓу Бадел и Вардар во 16 часот.

Вечерва се играат и двата полуфинални дуела кај мажите: Карпош Соколи – Работнички и Фени Индустри – МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он