Кошаркарите на ТФТ претрпеа висок пораз на првото од двете последователни гостувања во Бугарија во рамки на БИБЛ лигата, откако вечерва загубија на гостувањето во Стара Загора од Берое со 108:73.
Македонскиот дебитант во БИБЛ лигата од самиот почеток на мечот беше во резултатска негатива, која на полувремето изнесуваше минус 14 кошеви (60:46).
Драстичен пад во играта на екипата од Скопје уследи во третата четвртина, која Берое ја реши во својата корист со 29-8, триумфирајќи на крајот со убедливи 35 поени предност.
По пет одиграни кола во Балканската лига, ТФТ има скор од две победи и три порази, а следен противник на македонскиот тим ќе биде лидерот на табелата Академик Бултекс, в четврток од 18 часот, во Пловдив.