БИБЛ: ТФТ со две победи се враќа од Бугарија

Од:

Македонскиот претставник во БИБЛ лигата ТФТ Скопје со две победи се враќа од пресметките со бугарските екипи во регионалната кошаркарска лига, откако вечерва триумфираше над Берое со 96-86 (47-38), ден по победата над Академик Пловдив.

По резултатски изедначената прва четвртина, ТФТ го подигна нивото на игра и на полувремето обезбеди плус девет поени разлика. Македонскиот тим ја реши во своја корист и третта четвртина со 28-20 и во завршните десет минути влезе со недостижни плус 17 поени разлика.

За ТФТ Скопје ова беше трета победа во петтиот натпревар во групата Б, со што се искачи на второто место на табелата пред следниот дуел п ротив црногорски Ибар на гостински терен на 1 декември.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Убедлив пораз на ТФТ на гостувањето кај Ирони Нахарија

А1он

Втор пораз на Куманово во БИБЛ лигата

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

ФМП Академија го доби „македонското дерби“ на стартот на БИБЛ лигата

А1он