Кошаркарите на Радовиш се изборија за место во прволигашката конкуренција

Од:

Кошаркарите на Радовиш следната сезона ќе играат во Првата македонска лига. Екипата на Радовиш славеше победа со 81-67 во дуелот против Карпош, а во рамките на претпоследното 17. коло во Втората лига.

Со оваа победа екипата на Радовиш го осигура второто место на табелата, па заедно со првопласираниот тим на Гостивар следната сезона ќе биде дел од Првата македонска кошаркарска лига.

Во прволигашката конкуренција и следната сезона ќе играат и екипите на Струмица и АВ Охрид кои во плејаут конкуренцијата зад себе ги оставија Пелистер и Вардар кои ќе се преселат во Втората лига.

Во елитната конкуренција пак, денеска ќе се одигра вториот натпревар од 7. коло во Супер лигата. Во терминот од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Карпош Соколи и Фени Индустри.

Вчера, во првиот меч МЗТ Скопје Аеродром по голема борба го совлада Кожув со 79-75. Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Куманово – Работнички, која ќе започне од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он