Со натпреварот помеѓу Работнички и Пелистер вечерва е отворено четвртото коло во Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција. Тимот од „Градски Парк“ забележа убедлива победа со 105:49.
Со новиот триумф, Работнички останува непоразен и по четири одиграни кола, додека Пелистер го запиша третиот пораз.
Два натпревари од оваа рунда на програма се утре. Двојките се: Гостивар – Шкупи и Охрид – Кожув.
Неделната програма е составена од натпреварите Карпош Соколи – Фени Индустри и Струмица – Куманово.
Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, аеродромци својот дуел со Блокотехна ќе го одиграат на 2 ноември.
На врвот на табелата е Работнички со четири победи, Блокотехна, Гостивар и Карпош Соколи имаат по три триумфи и натпревар помалку.