Кошарка ќе се игра, клубовите ги прифатија аргументите на МКФ

Од:

По вчерашниот ултимативен став, на дел од клубовите, упатен кон Македоската кошаркарска федерација (МКФ), дека тимовите ќе го бојкотираат првенството и националниот куп, а по несогласувањата околу изречените суспензии на четири тима кои не ги исполниле своите финансиски обврски кон федерацијата, денеска најголем дел од тимовите ретерираа со ваквиот став.

По средбата на претседателот на МКФ, Петар Наумоски од една и претставниците на клубовите од друга страна, поголемиот дел од прволигашките екипи, се изјаснија дека кошарка мора да се игра и дека ги прифаќаат обврските кои ги имаат.

Таков беше случајот со екипата на Струмица која денеска веќе уплатила дел од обврските. За останатиот дел, претставникот на клубот, побарал согласност од другите клубовите и федерацијата, тој да биде регулиран по утврдена динамика, односно истиот во целост да го исплатат пред почнувањето на вториот дел од шампионатот, односно Супер или Плејаут лигата. Ваквото барање на струмичани, наиде на разбирање кај клубовите и федерацијата, по што на раководството на КК Струмица им останува обврската писмено да ја достават динамиката и да ја регулираат обврската.

Ова практично значи дека претстојните средби од осминафиналето во Купот на Македонија, меѓу Струмица и Гостивар и Вардар и Пелистер ќе се одиграат во предвидениот термин (утре) 1 февруари.

Иако, АВ Охрид немал свој претставник на состанокот, сепак од клубот со писмо ги искажале својот став, во кое оваа екипа ги поддржала ставовите на федерацијата, а воедно уште еднаш потврдила дека не е за никаков бојкот на првенството. Напротив од АВ Охрид сметаат дека кошарка мора да се игра, а клубовите мора да ги почитуваат правилата, но, пред се, се преземените обврски.

Единствено, останува да се видат и официјалните ставови на КК Куманово и КК Кожув, кој немал свој претставник на денешната средба. Овие екипи ќе треба најдоцна до петок да се произнесат, за да може веќе претстојниот викенд да се одиграат комплетните натпревари од редовното коло во Првата лига.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он