Корвер место Вејд на „Ол стар“ натпреварот

Од:

Играчот на Атланта Клај Корвер ќе биде замената за Двејн Вејд на „Ол стар“ натпреварот што ќе се игра викендов во Њујорк.

Вејд поради повреда ќе го пропушти натпреварот, а комесарот на НБА лигата Адам Силвер донесе одлука тоа да биде соиграчот на нашиот Перо Антиќ, Корвер.

Тоа воедно е четвртиот играч од стартната петорка на Атланта, кој ќе биде дел од составот на Исток.

Покрај него веќе се знае дека во составот се Пол Милсап, Ал Хорфорд и Џеф Тиг, а на клупата ќе биде и нивниот тренер Мајк Буденхолцер.

Корвер ќе биде четвртиот највозрасен играч што ќе дебитира на „Ол стар“ натпреварот. Тој следниот месец ќе наполни 34 години, а повозрасни од него на „дебито“ биле Нет Клифтон, Сем Кесел и Ентони Мејсон сите со наполнети 34 години.

Неизвесен е и настапот на кармело Ентони ѕвездата на Њујорк Никс кој  има проблем со повредата на коленото.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа