Вториот натпревар на Копа Америка меѓу репрезентациите на Перу и Венецуела заврши нерешено без голови, благодарнине на ВАР системот, со кој на Перуанците им беа поништени два гола.
Перу дојде во водство уште во седмата минута преку Кристофер Гонзалес, но главниот судија со помош на ВАР системот за проверка одлучи да го поништи голот. Но, тоа не беше единствената ВАР интервенција на судиите, бидејќи на сличен начин на Перуанците им беше поништен уште еден гол постигнат во 64 минута.
Венецуела во 75 минута остана со десет играчи на теренот, откако Луси Маго доби црвен картон, но репрезентацијата на Перу не успеа да го искористи тоа благодарение на одличните интервенции на венецуелскиот голман Фаринез, кој до крајот на натпреварот успеа да ја зачува својата мрежа.
Во групата А, Бразил е на прво место со 3 бода, Венецуела и Перу имаат по 1 бод, додека Боливија е без бодови,
За три дена се игра вториот круг натпревари каде Венецуела ќе се соочи со домаќинот Бразил, а Перу со Боливија.