САД, а не Еквадор ќе бидат домаќини на Копа Америка во 2024 година. Поради лоша инфраструктура и проблеми со стадионите, Еквадор беше принуден да се откаже од организацијата на Копа Америка.
Покрај промената на домаќинството, претходно беше одлучено првенството наместо во 2023 година да се игра во 2024 година, поради тоа што ЕП се игра во Германија во 2024 година.
Идеата е двете големи натпреварувања да се играат во иста година.
На првенството ќе настапат 16 екипи, а меѓу нив ќе бидат и шест повикани претставници од зоната КОНКАКАФ. Засега е познато дека од онаа зона ќе учествуваат САД, Канада и Мексико.
Претходниот шампионат се играше во 2021 година во Бразил, а победник беше Аргентина, која има и најмногу јужноамерикански шампионски титули – девет.
Извор: Топспорт