Конте: Ние требаше да бидеме во финалето

Од:

Тренерот на Интер, Антонио Конте, го прифати лошо испаѓањето на својот тим во полуфиналето на Купот на Италија од Наполи.

Синоќа „нероазурите“ одиграа 1-1 на „Сан Паоло“, но испаднаа по вкупен резултат 1-2, откако во првиот натпревар доживеаја пораз на „Меаца“.

Сепак, тренерот смета дека тоа не е фер и неговите фудбалери заслужиле да дојдат до дуел за трофејот.

– Со оглед на тоа што беше прикажано на двата меча, ние повеќе заслуживме да бидеме во финалето. Јас немам што да ги обвинувам моите играчи за тоа што го покажаа на денешниот натпревар. Ова е агресивниот фудбал што сакам да го видам, тотално доминиравме. Создадовме многу позиции и може требаше да бидеме попрецизни пред голот, но Давид Оспина направи неколку брилијантни одбрани. Разочаран сум што го примивме тој гол затоа што потекнува од наивна грешка што можевме да ја спречиме. Тоа ни дава надеж за иднината, рече Конте по мечот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска