Тренерот на Јувентус Антонио Конте бил на информативен разговор кај надлежните органи во врска со случајот за наместени натпревари.
Според информациите на официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Италија, тренерот на шампионот и лидер во Серија А, одговарал на прашања поврзани со дуелите Бари – Тревизо во 2008 година и Бари -Салернитана во 2009 година.
Конте беше тренер на Бари во периодот 2007-2009 година.
Освен Конте и неколкумина фудбалери ќе бидат испрашувани околу овој случај на наместени натпревари.