Екипата на Јувентус не успеа да избори пласман во финалето од Лига Европа, а токму последниот натпревар ќе го играа на домашен терен, ако се пласираа, бидејќи порано беше одредено да се игра во Торино на 14. мај.
Тренерот на „старата дама“, Антонио Конте, по дуелот незадоволен изјави дека Бенфика незаслужено мина во финалето.
– Бенфика на секој чекор ја попречуваше играта, а судијата им дозволи. Имаше шест минути надополнување, а три минаа без игра. И на првиот дуел имаше спорни ситуации. Понатаму мина тимот (Бенфика) што помалку заслужи, заврши Конте.
Бенфика во финалето на 14. мај ќе игра против Севиља.