Фудбалската репрезентација на САД ноќеска постигна важна победа во борбата за пласман на Светското првенство во Русија, откако на домашен терен ја совлада Панама со 4:0.
Со овој триумф тие ја минаа Панама на табелата и во последното коло гостуваат кај последнопласираниот тим во групата Тринидад и Тобаго.
На вториот дуел од 9. коло од КОНКАКАФ зоната Мексико со 3:1 го победи Тринидад и Тобаго. Третиот дуел од ова коло меѓу Костарика и Хондурас се игра вечерва.
Табела: Мексико 21 бод, Костарика 15, САД 12, Панама 10, Хондурас 9, Тринидад и Тобаго 3.