Екипата на Олимпик Марсеј ја прекина серијата од четири натпревари без победа и синоќа во првиот дуел од 35. коло од Лига 1 како гостин ја совалда екипата на Мец со 2:0.
Стрелец на двата гола беше Андре-Пјер Жињак во 38.та и 62.та минута. Со овој триумф Олимпик Марсеј остана во конкуренција за место во Лигата на шампионите, додека Мец ги намали шансите за опстанокот во лигата.
Денеска се играат шест дуели од оваа рунда: Олимпик Лион – Евиан, Бастија – Сент Етиен, Генгамп – Ремс, Лориен – Бордо, Монпеље – Рен и Ница – Каен. Колото ќе биде комплетирано со утрешните три натпревари: Лил – Ленс, Монако – Тулуз и Нант – ПСЖ.
Табела: ПСЖ 71 бод, Олимпик Лион 68, Монако 62, Олимпик Марсеј 60, Сент Етиен 60, Бордо 55,…