Со натпреварот меѓу Рен и Сент Етијен одигран синоќа комплетирано е 24.коло во фудбалскиот шампионат на Франција, односно Лига 1.
Средбата одиграна на „Роажон парк’’ стадионот во Рен заврши со победа на гостите со 1:0, а стрелец на голот за Сент етијен беше Сенегалецот, Мустафа Бајал Сал во 73-тата минута.
Со новите три бодови Сент Етијен направи прогрес до две места па сега е на петата позиција на табелата, додека Рен од четвртото падна на деветото место.
На натпреварите кои веќе беа одиграни од ова коло во Лига 1 беа постигнати овие резултати:
Монако – Бастија 2:0,
Монпеље – Олимпик Марсеј 0:1,
Гингамп – Tроа 4:0,
Ремс – Анжи 2:1,
Ница – Тулуз 1:0,
Нант – Ајачо 3:1,
Олимпик Лион – Бордо 3:0,
Лил – Кан 1:0 и
Париз Сен Жермен – Лориен 3:1.
Табела: ПСЖ 66 бодови, Монако 42, Ница 39, Анжи 37, Сент Етијен 36, Кан 36, Нант 35, Олимпик Марсеј 34, Рен 34, Олимпик Лион 33, Бордо 33…