Со одигрување на натпреварите Хофенхајм – Борусија Дортмунд 1:3 и Вердер Бремен – Нирнберг 1:1 заврши првата полуетапа во Германското фудбалско првенство.
Вчера се одиграа шест средби од 17.коло: Волфсбург – Ајнтрахт 0:2, Мајнц – Штутгарт 3:1, Гројтер Фурт – Аугсбург 1:1, Фортуна – Хановер 2:1, Шалке – Фрајбург 1:3 и Баер Леверкузен – Хамбургер 3:0.
Колото го отвори лидерот и носител на есенската титула Баерн Минхен кој во петокот на домашен терен одигра 1:1 со Борусија Менхенгладбах.
Табела: Баерн Минхен 42 бод, Баер Леверкузен 33, Борусија Дортмунд 30, Ајнтрахт 30, Фрајбург 26, Мајнц 26, Шалке 25, Борусија Менхенгладбах 25, Штутгарт 25,…