Комплетирано 15. коло во Бундес лигата

Од:

Со два натпревари одиграни попладнево комплетирано е 15. коло во фудбалскиот шампионат на Германија, односно Бундес лигата.

Двете средби завршија со идентичен резултат и без победник.

Дербито во Леверкузен, меѓу Баер и Борусија Менхенгладбах одигра 1:1, а со истиот резултат заврши и натпреварот Волфсбург – Падерборн 1:1.

На останатите натпревари од ова коло, одиграни во саботата и петокот, постигнати беа следниве резултати: Аугсбург – Баерн Минхен 0:4, Фрајбург – Хамбургер 0:0, Херта – Борусија Дортмунд 1:0, Шалке – Келн 1:2, Вердер– Хановер 3:3, Мајнц – Штутгарт 1:1 и Хофенхајм – Ајнтрахт 3:2.

Табела: Баерн Минхен 39 бодови, Волфсбург 30, Баер Леверкузен 24, Борусија Менхенгладбах 24, Аугсбург 24, Шалке 23, Хофенхајм 23, Ајнтрахт 21….

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска