Комплетирани три од четирите двојки за четвртфиналето

Од:

На Европското фудбалско првенство во Франција веќе се познати седум од осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето.

Останува да се сочека и последната репрезентација која ќе ги продолжи натпреварите понатаму, а тоа ќе биде подобриот од мечот меѓу Англија и Исланд кој ќе се игра вечерва од 20 часот во Ница.

Победникот од овој меч ќе игра во четвртфиналето против домаќинот Франција и тоа на „Сад де Франс“ во Париз во недела (3 јули) од 21 часот.

Впрочем, сите четвртфинални натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот, а веќе се познати три пара и тоа:

(четврток – 30 јуни) Полска – Португалија (во Марсеј)
(петок – 1 јули) Велс – Белгија (во Лил)
(сабота – 2 јули) Германија – Италија (во Бордо)

Утре и задутре на ЕП е слободен ден

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП