Американките Серена Вилијамс и Медисон Кејс ќе играат во второто полуфинале на тенискиот Грен слем Австралија Опен.
Серена ноќеска ја совлада Доминика Чибулкова од Словачка со убедливи 2-0 во сетови препуштајќи и на противничката само по два гема во двата сета.
Многу понеизвесен меч одиграа Кејс и Венус Вилијамс. Младата Американка не дозволи сестринско полуфинале. Кејс победи со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:4.
Другата полуфинална двојка на женскиот дел на турнирот во Мелбурн ја сочинуваат Русинките Марија Шарапова и Екатерина Макарова.