Откако синоќа беа одиграни и последните средби од 6.коло во фудбалската Лига Европа познати се 32-те тима кои ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза.
Пласман во шеснаесетинафиналето обезбедија двете прворангирани екипи во секоја од дванаесетте групи.
Натпреварите во Лига Европа ги продолжуваат: Фенербахче, Манчестер Јунајтед (од А групата), АПОЕЛ Никозија, Олимпијакос (Б група), Сент Етијен, Андерлехт (Ц група), Зенит Санкт Петербург, АЗ Алкмар (Д група), Рома, Астра (Е група), Атлетик Билбао, Генк (Ф група), Ајакс, Селта Виго (Г група), Шахтјор, Гент (Х група), Шалке, Краснодар (И група), Фиорентина, ПАОК (Ј група), Спарта Прага, Хапоел Бер Шева (К група), Османлиспор и Виљареал (Л група).
На овие ќе им се приклучат и осумте трето пласирани од групната фаза во Лигата на шампионите, и тоа: Лудогорец, Бешикташ, Борусија Менхенгладбах, Ростов, Тотенхем, Легија Варшава, Копенхаген и Олимпик Лион.
Извлекувањето на паровите за шеснаесетинафиналето ќе се одржи во понеделник 12 декември, додека првите средби ќе се играат во февруари месец следната 2017 година.