Антонио Конте го доби признанието „Златна клупа“ за 2012 година кое тренерите од италијанските Серија А и Серија Б му го доделуваат на најдобриот тренер во годината.
Конте со неговиот Јувентус минатата година го освоија шампионскиот трофеј во Италија со убедливи игри во текот на целата сезона.
– Горд сум поради освоената награда која доаѓа како мевлем на рана по сите непријатности со суспензии и казни кои ги добив оваа сезона. Најзаслужни за оваа награда се играчите кои во целост ги исполнуваа моите барања и напорно работеа за да стигнат на врвот, истакна тренерот на Јувентус, шампион и моментно лидер во Италијанското фудбалско првенство.
Доскорешниот тренер на Рома, чешкиот стручњак Зденек Земан прогласен е за најдобар во Серија Б за 2012 година. Тој заедно со Пескара минатата сезона обезбедија пласман во Серија А.