Кога не игра фудбал, работи на бензинска пумпа

Од:

Кога не брани за Исланд, 32 годишниот Ханес Халдорсон работи како режисер на ТВ спотови. Кога не игра фудбал, а игра само преку лето, напаѓачот Бодварсон зимата ја поминува како работник на пумпа. Речиси сите фудбалери, па и тренерот во обичниот живот се нешто сосема друго со поинаква професија. Тоа ја прави оваа екипа толку мала, а премногу голема.

Да се победи Англија во фудбал и не е лесно, но разочарувањето е поголемо доколку се според статитистиките на двете репрезентации.

Во Англија според официјалната статистика има 4.164.110 фудбалери. Не се сите професионалци, но многу од нив играат рекреативно фудбал. Не се малку ниту 42.490 клубови колку што се регистрирани во Англија.

Во споредба со Англија, Исланд има 323.000 жители, односно 12,9 пати има помалку жители отколку фудбалери во Англија

За полуфиналето, Исланд ќе се бори со репрезентацијата на Франција.

-Очекуваме сличен натпревар како против Англија, а подобриот ќе оди натаму. Квалитетот на

Французите е како и на Англија, ние се уште не покажавме се што умееме. Сакаме да бидеме уште подоминантни, порачуваат од екипата на Исланд.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП