Коентрао и Насри уште пет години верни на своите клубови

Од:

Фабио Коентрао од Реал Мадрид и Самир Насри од Манчестер Сити ги продолжија своите договори до 2019 година.

Според шпанските медиуми Португалецот во Мадрид за новиот потпис со Реал ќе добива по четири милиони евра годишно. Тој во таборот на европскиот првак се наоѓа од 2011 година и од тогаш забележал 46 настапи, а има и еден постигнат гол.

Медиумите во Англија објавија дека 26-годишниот Насри добил и ја прифатил понудата од шампионот Манчестер Сити за продолжување на соработката на уште две години.

Така, францускиот интернационалец е под договор со премиерлигашот до 2019 година.

Финансиски детали за договорот не се објавени, а актуелната плата на Насри изнесува 185 илјади фунти неделно.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски