Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Од:

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, загуби од македонскиот првак со 2:0.

Тренерот на Фенербахче, Ајкут Коџаман призна дека неговиот тим направил многу грешки и сето тоа резултираше со заслужена казна, па очекува во реваншот да се поправи сликата од Скопје.

– Убедлив пораз кој ни ја отежува задачата. Премногу мислевме на следниот меч од турското првенство со Трабзонспор. Имавме доста удари кон голот на Вардар, не знам точно веројатно 16-17 и неколку чисти позиции за гол, но сепак загубивме. Вардар имаше помалку шанси, но тоа сега не се брои. Мораме добро да се подготвиме психички и пред нашите гледачи да се обидеме да ја анулираме негативата од два гола. Мехмет Топал останува во нашата ротација, иако му се случија грешки вечерва. Губиме од грешки на нашите фудбалери и тоа мора под итно да се корегира, изјави по мечот Коџаман.

Реваншот е за 7 дена во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска