Кочов: Сплит има најдобар состав во АБА 2 лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, утре од 19 часот во „Јане Сандански“ го пречекуваат некогашниот европски првак Сплит, а тренерот Ѓорѓи Кочов, смета дека „жолтите“ се најдобра екипа во АБА 2 лигата.

„На гости ни доаѓа екипа која според мене е најдобра во АБА 2 лигата. Ако ги споредите моментните состави на двата тима, ќе сфатите дека ќе биде борба на Давид и Голијат. Ќе направиме сè што можеме да ги подготвиме играчите и средбата да ја доведеме во тесна завршница, изјави тренерот на тимот кој има само еден пораз по пет кола, додека Сплит има три победи и два порази.

МЗТ ќе биде ослабен по заминувањето на крилниот центар Нуни Омот. Клубот го ангажираше бекот Ерон Херис и бара квалитетно засилување на центарските позиции, но против Сплит нема да има ниту нов центар, ниту Херис ќе може да настапи.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он