Кочо Анѓушев го напушти ФК „Борец“

Од:

Претседателот на ФК „Борец“ и негов спонзор преку неговата компанија „Брако“ Кочо Анѓушев попладнево на фудбалскиот стадион во Велес по завршување на пријателскиот натпревар Борец – Тетекс на фудбалерите на ФК „Борец“ им соопштил дека го напушта клубот и го прекинува спонзорирањето.

Со ова се доведува во прашање иднината на ФК „Борец “ и неизвесно е како без спонзор ќе го продолжи пролетниот дел од годинашното првенство во ПМФЛ. Тој на играчите им порачал да си бараат нови спонзори, но засега никој не им најавил спонзорирање.

Во писменото известување дадено од „Брако“ до ФК „Борец “ тие се известени дека на денешниот состанок донеле одлука дека „Брако“ како компанија не треба да продолжат да финансира во спортски федерации, чии раководства немаат респект кон спонзорите

– И онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт, истите не се усогласени со законите на Р. С. Македонија. Во таа смисла, објавуваме дека „Брако“ ќе престане да го финансира клубот и во иднина својата репутација како општествено одговорна компанија ќе ја надгради преку стипендирање на одлични студенти од велешката општина, претежно, но не единствено на техничките науки, се вели во соопштението од Брако.

Во соопштенето, од „Брако“ појаснуваат дека нема да ги коментираат сите лаги и дегутантни изјави на старо-новиот претседател на ОФС Велес, но ја демантираат и изјавата дека лицето Драган Јорданов бил претставник на ФК „Борец“ на собранието на ОФС Велес, а тоа го потврдуваат со фактот што тој гласал против претставникот на „Борец“ на Собранието.

-Со оглед на тоа дека „Борец“ А.Д. нема никакви долгови, а при тоа на јавно дадената понуда клубот да го преземе некој кој има добра намера и цел кон фудбалот (пред се, раководните лица на ОФС Велес), до денес на понудата нема пријавени и поради тоа фудбалерите и сите вработени во клубот ќе бидат комплетно исплатени до денешен ден и за тоа уредно ќе ја добијат целата документација, се вели во соопштението на „Брако“.

Напуштање од клубот како негов претседател и спонзор доаѓа откако Кочо Анѓушев на годишното изборно собрание на ОФС Велес одржано месецов, најави дека ќе го преиспита спонзорирањето, незадоволен од ОФС Велес, но и на ФФМ кон ФК „Борец“.

Тој тогаш револтирано го напушти Изборно собрание на ОФС Велес. Анѓушев бараше меѓу четирите делегати на ОФС Велес еден претставник-делегат да биде од ФК „Борец“ , а кој понатаму ќе учествува на Изборното собрание на ФФМ кое треба да се одржи пролеттва, а на кое ќе се избира и новиот претседател на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

A1on

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Агелер: Има докази против Анѓушев, тој веќе се жалеше, но тоа нема ништо да смени

Катерина Ѓуровски

Ковачевски за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Тоа се сериозни наводи, останува нашите институции да постапат