Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев

Од:

Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата.

КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.

„Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централинвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.

„Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Северна Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар“, стои на веб страницата на РЕС.

Би можело да ве интересира

Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја