Клубовите ги подмирија обврските по основ на котизации, казни и регистрација на странски кошаркари кон Македонската кошаркаска федерација (МКФ) и првенството ќе продолжи во нормален тек.
Согласно договорот од пред неколку месеци денеска (20 април) беше последниот рок за подмирување на овие долгови.
МКФ во средата на својата интернет-страница предупреди дека клубовите кои нема да ги платат долговите ќе останат без право на настап и службено ќе ги загубат натпреварите.
Во рамки на шестото коло на Суперлигата викендов Работнички ќе биде домаќин на АВ Охрид, Блокотехна ќе го пречека Гостивар, а МЗТ гостува кај Куманово. Во Плејаут лигата се среќаваат Фени Индустри и Струмица, Кожув и Карпош Соколи, како и Шкупи и Пелистер.