Клоп нема да ја води Борусија и против Арсенал

Од:

Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп нема да ја води екипата и на натреварот со Арсенал на 22 октомври, поради инцидентот на мечот со Наполи во првото коло од Лигата на шампионите, соопшти денеска германскиот клуб.

УЕФА одлучи да го суспендира Клоп на уште еден натпревар. Тој, поради казната, во вторникот од трибините во Дортмунд го следеше и натреварот Борусија – Олимпик Марсеј, што домаќините го добија со 3:0.

Стратегот на „милионерите“ беше казнет откако вербално му се нафрли на помошниот судија на натпреварот со Наполи што Борусија го загуби со 2:1. Клоп бурно реагираше бидејќи судијата не му дозволи на Невен Суботиќ по укажаната лекарска помош да се врати на теренот, што, според него, им овозможило на играчите на Наполи да постигнат гол.

Јирген Клоп кој веднаш беше отстранет од теренот, по мечот се извини за инцидентот и изјави дека „се однесувал како мајмун“.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска