Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп нема да може да ја предводи својата екипа на средбата против Олимпик Марсеј во 2. коло од Лигата на шампионите.
Германскиот стручњак суспензијата од еден натпревар ја доби поради инцидентот на дуелот од 1. коло во елитното натпреварување против Наполи во Неапол.
Клоп на оваа средба бурно реагираше и вербално го навредуваше четвртиот судија по првиот примен гол, сметајќи дека предоцна му се дозволи на одбранбениот играч Суботиќ да се врати во игра по добиената медицинска помош крај аут линијата.
За таквата негова постапка во 29. минута тренерот на Борусија Дортмунд доби црвен картон и казна од УЕФА.
Германскиот претставник го изгуби натпреварот со Наполи со резултат 2:1, а против Олимпик Марсеј ќе игра на 1 октомври во Дортмунд.