Клоп: Му ја подаривме победата на Тотенхем

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше разочаран од начинот на кој неговиот тим загуби денеска во дербито со Тотенхем на „Вембли“ во Лондон. Спарс предводен од Хари Кејн славеше победа со 4:1.

Домаќините голема помош имаа од одбранбените играчи на Ливерпул кои во неколку наврати не реагираа соодветно и направија големи грешки.

– Се чини дека направивме се за да им олесниме на играчите на Тотенхем да дојдат до победата. Им ја сервиравме победата на чинија. Не е до нашата самодоверба. Мора да бидеме сто проценти во играта, но денес не бевме, рече Клоп.

Ливерпул во моментов е рангиран на 9.то место на табелата со 13 поени, дури 12 помалку од лидерот Манчестер Сити. На последните пет натпревари тимот од „Енфилд“ има само една победа.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска