Екипата на Ливерпул оствари голема предност по првиот осминафинален натпревар од Лига Европа одигран синоќа на „Енфилд“ против Манчестер Јунајтед.
„Црвените“ победија со 2:0 и на реваншот на 17.март ќе имаат убава предност против големиот ривал од англискиот фудбал.
По дуелот тренерот на Ливерпул Јирген Клоп изјави дека атмосферата беше неверојатна. – Беше навистина прекрасна и морам да им се заблагодарам на сите. Тоа е Ливерпул, кој го знаев пред да дојдам тука, рече Клоп.
– Да бидам искрен не беше лошо. Бевме подобри од првата секунда, а можевме да постигнеме и повеќе голови бидејќи имавме шанси. Заврши 2:0 и да ми понудеа пред дуелот ваков резултат ќе прифатев. Но, уште не е готово, изјави за текот на натпреварот Германецот на клупата на Ливерпул.
До реваншот в четврток Ливерпул нема да одигра натпревар бидејќи во Англија се играат дуелите од четвртфиналето на ФА купот. Ливерпул е веќе елиминиран, додека Манчестер Јунајтед в недела на домашен терен ќе игра против Вест Хем.