Кошаркарот на МЗТ Скопје Аердром, Шарлон Клоф со едно од неколкуте забивања на дуелот со Мега Лекс го освои првото место на топ листата од пет најатрактивни потези во АБА лигата за јануари.
Македонскиот шампион го доби тој натпревар со Мега кој е многу важен во борбата за опстанок во регионалното натпреварување.
Во ТОП 5 атрактивните потези за минатиот месец, покрај Клуф се најдоа и: Маркус Вилијамс од Будуќност, Џона Болден и Филип Човиќ од ФМП, како и Алфа Каба од Мега Лекс.