Клатенбург го суди финалето Франција – Португалија

Од:

Марк Клатенбург (41) од Англија е одреден да го суди финалето на Европското првенство што в недела ќе го играат Франција и Португалија.

Клатенбург оваа година го судеше и финалето од Лигата на шампионите во Милано меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, како и финалето на ФА купот на Англија меѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

На ЕУРО 2016 година Клатенбург судеше досега на три натпревари: Белгија – Италија, Чешка – Хрватска и Швајцарија – Полска.

Тој е меѓународен судија од 2007 година, а го има судено и финалето на Олимписките игри во Лондон (машки турнир) како и Супер Купот на УЕФА во 2014 година.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП