КК Работнички повикува на фер плеј и спортско навивање без инциденти

Од:

Во пресрет на вечното кошаркарско градско дерби помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички новиот директорот на тимот од „Градски парк“, Васко Кичевски повика на фер плеј и спортско навивање без инциденти без разлика на случувањата од последниот меѓусебен натпревар.

„Натпреварот  помеѓу МЗТ и Работнички секогаш предизвикува голем интерес во јавноста но овој пат натпреварот  е посебно интересен со оглед на тоа како заврши минатото дерби. Но спред мене минатото треба да го оставиме и утрешниот натпревар да помине во духот на спортот, а за мене тоа значи фер плеј, корекно навивање и фер судење па подобриот нека победи. Доколку овие услови се обезбедат, убеден сум дека крајниот резултат ќе е во наша корист.

Како што веќе кажав, минатото треба да го оставиме зад нас. Дeлегирањето на судиите беше преку ждрепка, а тројката која е избрана да ни суди е составена од тројца ФИБА судии кои верувам дека ќе судат професионално. На крајот на краиштата овој натпревар ќе биде следен од цела Македонска јавност и не верувам дека било кој би се дрзнал втор пат да го уништи вечното дерби“, изјави Васко Кичевски.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…