КК Гоце Делчев се откажа од Првата лига

Од:

Кошаркарскиот клуб Гоце Делчев од Штип го откажа учеството во Првата лига, соопшти Македонската кошаркарска федерација.

– Македонската кошаркарска федерација по применото известување со жалење констатира дека Кошаркарскиот клуб Универзитет Гоце Делчев Штип не е во можност поради финаниската состојба да продолжи со настапите во Првата Македонска лига. И натаму останува грижата на МКФ за состојбата со ККУниверзитет Гоце Делчев Штип, со надеж дека натамошната активност на сениорската екипа не е доведена во прашање, стои во соопштението на МКФ.

Според пропозициите на МКФ местото на Гоце Делчев треба да го заземе третопласираниот тим во Втората лига од минатата сезона, а тоа е Радовиш, а доколку и радовишани одбијат да играат во Првата лига, правото се пренесува на следната екипа според пласманот на табелата.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он