Кириленко потпиша за ЦСКА

Од:

Рускиот кошаркар Андреј Кириленко потпиша договор со ЦСКА Москва каде ќе остане до крајот на сезоната.

34-годишниот Кириленко досега беше член на Филаделфија која се откажа од неговите услуги. Последен пат во НБА лигата играше на 13 ноември минатата година за Бруклин.

– Драго ми е што се вратив во мојот омилен тим. Се ближи времето кога ќе мора да размислувам за завршување на кариерата, а тоа е најдобро да го правам во тимот кој го сакам, изјави Кириленко.

Тој кариерата ја почна во Спартак од Санкт Петербург, продолжи во ЦСКА Москва, а од 2001 до 2011 година е во НБА. Во најсилната лига на светот покрај за Бруклин играл и за Јута и Минесота.

Со репрезентацијата на Русија во 2007 година стана европски првак.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски