Претседател на Рускиот кошаркарски сојуз Андреј Кириленко изјави дека неговата репрезентација не се плаши од никого и дека конечниот пласман на Евробаскетот ќе зависи само од нивната игра.
– Не е до противникот туку до нас. Можеме да изгубиме само од нас самите. Кога ја прикажуваме најдобрата партија и кога играме најдобро што знаеме – непобедливи сме. Ама кога играме како што беше дуелот против Летонија, тогаш ќе изгубиме, изјави Кириленко.
Еден од најдобрите руски кошаркари на сите времиња, додаде дека „зборнаја“ на ЕП покажа дека поседува квалитет и дека заслужено е меѓу четирите најдобри.
Русија во полуфиналето ќе се сретне со Србија во натпреварот закажан за утревечер во 20 часот и 30 минути.
Вечер во истиот термин (20:30) во Истанбул на ЕП ќе се игра првото полуфинале во кое ќе се „пресметаат“ досега непоразените Словенија и Шпанија.