Кирил Николовски потпиша договор со Карпош Соколи

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски потпиша едногодишен договор со освојувачот на Купот на Македонија, Карпош Соколи. 29-годишниот кошаркар според договор има можност за продолжување на соработката и на подлог период.

Николовски доаѓа од тимот на Фени Индустри каде настапуваше во последната сезона, а претходно играше за екипите на МЗТ Скопје и Вардар Осигурување.

Екипата на Карпош Соколи нов договор потпиша со Драган Лабовиќ, а се очекува договорите да ги продолжат капитенот Игор Пенов, Дарко Соколов и Американецот Кендрик Пери.

Вицешампион на Македонија воедно и актуелен освојувачот на Купот на Македонија во новата сезона ќе биде македонскиот претставник во Лигата на шампионите на ФИБА. Екипата на Карпош Соколи ќе игра во првото квалификациско коло, а извлекувањето на двојките ќе се одржи на 11.јули.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он