Кире го однесе Атлетико Мадрид во финале

Од:

Атлетико Мадрид е во финалето од Фајнл фор турнирот од Лигата на шампионите што се одржува во Келн, откако во полуфиналето славеше против Копенхаген со 25:23, а најзалужен за победата, нашиот Кире Лазаров со 11 погодоци.

Иако на полувремето губеа со 15:12, во второто полувреме сликата беше сосема поинаква. Лазаров беше најзаслужен за пресвртот, и за победата на неговиот тим.

Екипата на Кил ќе биде противник на Атлетико Мадрид во финалето откако во првиот полуфинален меч го совлада Фуксе Берлин со 25:24.

Кил имаше водство во поголемиот тек од мечот, меѓутоа не успеа да се одлепи и да создаде капитална предност пред завршницата. По првото полувреме, Кил водеше со 15:12, но во вториот дел Фуксе изедначи.

Во драматична завршница Кил сепак успеа да стигне до триумф. Победоносниот погодок за 25:24 го постигна Филип Јиха, а потоа Тиери Омејер успеа да спречи ново израмнување и Кил се пласираше во финалето, кое е на програмата утре во 18:00.

..

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП