Кил ја брани европската титула

Од:

Ракометарите на Кил имаат можност да ја бранат титулата европски шампион на „фајнл фор“ турнирот што се игра во Келн. Во „германското полуфинале“ денеска Кил за противник ја има екипата на Хамбург. Почетокот на овој натпревар е во 18 часот.

Во полуфиналето број 1 ќе играат полскиот првак Киелце и Барселона, која лани го „пропушти“ завршниот турнир во Келн. Делегат на овој натпревар ќе биде Драган Начевски од Македонија.

Победниците од полуфиналните натпревари утре ќе играат во финалето со почеток во 18 часот, а во 15 часот и 15 минути е дуелот за 3.место меѓу поразените екипи.

Барселона е најуспешна екипа со 8 титули европски првак, Кил има три титули, од кои две во последните три сезони. За Хамбург ова е второ учество на „Ф4“ во Келн, додека Киелце ја има улогата на дебитант.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП