Кил е новиот европски ракометен шампион

Од:

Екипата на германски Кил е новиот ракометен шампион на Европа, откако во финалето го совлада Атлетико Мадрид со 26:21.

Воведниот дел ветуваше неизвесен натпревар, се до крајот на првото полувреме кога Кил успеа да се одлепи и на плус 4, меѓутоа на крајот на полувремето резултатот беше 13:10.

Во вториот дел, со добра одбрана пред се и фантастичниот Омејер на голот со 18 одбрани Кил успеа да ја задржи и да ја зголеми предноста за конечни 26:21. Ким Андерсен со 7 и Филип Јиха со 6 погодоци беа најпрецизни кај Кил, додека Лазаров кај Атлетико постигна скромни за него пет погодоци.

За капитенот на македонската репрезентација ова е втор последователен пораз во финалето на натпреварувањето по ланскиот од Барселона со 24:27.

Микел Хансен со 98 погодоци е најдобар стрелец на натпреварувањето. Кире Лазаров е втор со 97, а Златко Хорват од Загреб и Филип Јиха од Кил со по 94 постигнати погодоци се на третото на листата.

Во натпреварот за третото место одигран помеѓу Копенхаген и Фуксе Берлин победи данската екипа со 26:21.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ