Кикс на Интер и сигурни победи на Рома и Милан

Од:

Екипите на Рома и Милан остварија сигурни победи во денешните дуели против Болоња и Палермо, додека Интер неочекувано беше совладан од Кротоне.

Рома на гостувањето во Болоња победи со 3-0, додека Милан пред својата публика го совлада Палермо со 4-0. Затоа пак, Интер кој се обидува да стигне до место кое следната сезона носи пласман во Лига Европа беше совладан и тоа од осумнаесетто пласираниот тим на Кротоне со 2-1.

На останатите натпревари одиграни попладнево: Сампдорија – Фиорентина 2-2, Каљари – Торино 2-3 и Удинезе – Џенова 3-0.

Вчера беа одиграни три средби: Емполи – Пескара 1-1, Аталанта – Сасуоло 1-1 и Јувентус – Киево 2-0.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со дербито во Рим каде Лацио го пречекува Наполи.

Табела: Јувентус 77 бодови, Рома 71, Наполи 64, Лацио 60, Аталанта 59, Милан 57, Интер 55,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска